Анестезиолог обвинет дека силувал бремена жена за време на царски рез

Од:

Полицијата во Бразил приведе анестезиолог во болницата Сао Жоао де Мерити во Рио де Жанеиро, кој е осомничен дека силувал жена за време на царски рез.

Џовани Квинтела Безера (32) е осомничен дека внел генитален орган во устата на трудница, која била под анестезија, во операционата сала. Наводно, целиот настан бил снимен.

„Сан“ пишува дека неговите колеги биле загрижени за количината на анестезија со која тој им инјектирал на пациентите, па тајно поставиле камера за да го сними она што тој го прави.

Тие биле шокирани кога сфатиле дека тој сексуално злоупотребува жена која била под анестезија, додека други лекари правеле царски рез на само неколку метри. Лекарите во салата наводно не забележале што прави тој, бидејќи биле фокусирани на пациентката, а не гледале ниту од заштитната завеса која и била крената под брадата.

Наводно десет минути ја злоупотребувал жената. Како што изјавија надлежните, истрагата за целиот случај е во тек, а болницата дава целосна поддршка на жената која наводно претрпела насилство.

Полицијата истражува дали Џовани претходно вака малтретирал пациентки во болница.

Би можело да ве интересира

Препораката за ослободување од работа на раниливите групи поради жешкото време продолжена до 27 јули

Катерина Ѓуровски

Бремените жени стануваат приоритет за вакцинација во Велика Британија

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија на трудниците им препорачаа да се вакцинираат со Фајзер и со Модерна

Катерина Ѓуровски

Анализа: Зголемена смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња за време на пандемијата во светот

Фајзер и Бионтек почнаа тестирање на вакцината на трудници

Бремените жени може да се вакцинираат против Ковид-19

Катерина Ѓуровски