Дикинсон Опонг има невообичаен талент и со него ги урива светските рекорди.
Имено, тој може да испие 4,5 литри вода за само неколку секунди, иако човековиот желудник има капацитет за околу само еден литар.
Кога таа количина вода би стигнала да се апсорбира во неговиот крвоток, тој најверојатно би починал.
Со тоа што неговиот желудник се проширува до пет пати повеќе од вообичаено, Опонг може целата таа вода, како фонтана, да ја исфрли назад и на тој начин тој претставува медицински феномен.
Тој досега ги уверил лекарите и многу други скептици, а го урнал и Гинисовиот рекорд во најдолго исфрлување вода низ уста.