“Аква парк” во Пробиштип, измисли нова спортска дисциплина, вртење оро под вода.
Гостите кои го посетија пробиштипскиот “Аква парк” викендов уживаа во новиот предизвик, да вртат оро под вода, во базенот со бранови.
Дополнителен ефект на играта му дадоа брановите во базенот. Најхрабрите неколкумина кои најдолго издржаа во оророто под вода добија награди.
Завчера, гостинка со свој сет во “Аква парк” беше атрактивната српска диџејка Локо Бејби, а следат уште еден куп интересни најави за нови забави и нови дисциплини во “Аква Парк”- Пробиштип.