Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски

Од:

Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, напиша на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции. Вчера имавме обид за ескалација, имаме 4 повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот. Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо – нагласи министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

ДУИ „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ, нема да им ги гласаме интерпелациите рече Спасовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните