Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во работна посета на Гевгелија.
Како што соопшти Министерството за култура, Канческа – Милевска ќе оствари средба со градоначалникот Иван Франгов на која ќе присуствуваат и директорите на Народниот музеј од Гевгелија Емил Сламков и на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“- Струмица Васил Георгиев.
Предвидено е таа заедно со градоначалникот Франгов и со директорите Сламков и Георгиев да го посетат објектот на Градската библиотека „Гоце Делчев“, каде се во тек конзерваторско-реставраторски работи на фасадата на овој значаен споменик на културата.
Посетата на Гевгелија министерката Канческа – Милевска ќе ја заокружи со отворање специјализирана продавница за продажба на сувенири во близина на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница.