Според истражувањето спроведено во Британија луѓето во определени години на својот живот започнуваат повеќе да се грижат за другите и да стануваат помалку себични.
Примерокот од 2000 испитаници на возраст од 20 до 60 години покажува дека луѓето во својата 33-та година доживуваат најголема промена и започнуваат повеќе да мислат на туѓите чувства.
Истражувањето ја потврдува тенденцијата на намалување на себичноста во овие години, па така луѓето имаат повеќе обѕир кон старите, повеќе се трудат околу пријателите и воопшто кон другите луѓе. Според многу од испитаниците овие години се одлични и за планирање семејство, односно за раѓање на деца.
Луѓето се најсебични во тинејџерските години, а истражувањето покажува дека 40 проценти од испитаниците кои се помлади од 33 години признаваат дека на прво место се ставаат себе.