Романската влада денеска одобри итен декрет со кој на физичките и правните лица им се дозволува да го одложат плаќањето на ратите од својот банкарски заем за период од девет месеци.
Според вонредната уредба, ратите на Романците и компаниите чии просечни месечни трошоци се зголемени за најмалку 25 отсто, може да се препрограмираат за кредити доделени до 30 април 2022 година. Тие се суспендираат на барање на заемопримачот за период од најмалку еден месец до максимум 9 месеци.
Според владината одлука, должниците можат да имаат корист од одложувањето на обврските за плаќање само еднаш за еден кредит.
Извор: МИА