Хакерски напад врз сајтот на „Роскосмос“

Од:

Сајтот на руската вселенска Роскосмос се најде на мета на хакерски напад откако објави сателитски фотографии на НАТО „центарот за одлучување“, соопшти шефот на прес службата Дмитриј Стругоцев. За разлика од нападите што се случиле во март и во април, овој напад не бил од странство туку од рускиот град Екатеринбург.

Руската вселенска Роскосмос соопшти вчера географски координати на воени штабови на западни држави вклучително и Пентагон и место на одржување на актуелниот самит на НАТО со предупредување дека западните сателитски оператори работат за непријателот на Русија – Украина.

Цел конгломерат на приватни и државни орбитални групации сега работат само за нашиот непријател, предупреди Дмитриј Рогозин, шеф на Роскосмос во интервју за руски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Ве следиме, главите горе“

Ана Ололовска

Русија: Меѓународната вселенска станица може да се урне

Ана Ололовска

Роскосмос одби да лансира интернет-сателити поради британските санкции

Ана Ололовска

По санкциите на ЕУ, Роскосмос го прекина лансирањето ракети од космодромот Куру во Француска Гвајана

Ана Ололовска

Роскосмос го испраќа јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на МВС

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лансирани 36 британски сателити со руската ракета „Сојуз“

Ана Ололовска