Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Од:

Време е за одржување на четвртиот самит на шефови на држави и влади, на кој ќе се договорат како најдобро да се прилагодат на новата геополитичка архитектура на Европа и дополнително да ја зајакнат демократската безбедност во годините што доаѓаат, изјави генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ, јави дописникот на МИА.

Таа тоа го рече пред панелот на високо ниво на ПССЕ на тема „Одбрана на демократската безбедност во Европа“.

-Со текот на годините, работевме на зајакнување на заедништвото меѓу нашите земји-членки преку заеднички стандарди за човекови права, демократија и владеење на правото. Она што го постигнавме на овој начин нема еквивалент на ниту еден друг континент, потсети таа.

Сепак, според Буриќ, растот на популистичкиот и националистичкиот екстремизам претставува директна закана за нашите вредности, за мултилатерализмот и демократската безбедност. Најеклатантен пример за ова е бруталната агресија на Украина од страна на Руската Федерација.

-Сега сите сме обединети заедно со Украина, нагласи генералната секретарка на Советот на Европа.

Ова е причината поради која Советот на Европа одлучи повторно да ја отвори својата канцеларија во Киев, да го поддржи Јавното обвинителство во истрагата за грубите прекршувања.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска

Косово ја почна процедурата за зачленување во Советот на Европа

Ана Ололовска