На втората поетска вечер на 25-тата манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ ќе се одржи интернационално поетско читање. Дел од својот поетски творечки опус ќе претстават шест поети од пет земји – Одвиг Клив од Норвешка, Татјана Данилијанц од Русија, Жељко Миловиќ од Црна Гора, Поли Муканова и Роман Кисјов од Бугарија и Игор Тиш од Словачка.
По поетското читање ќе биде провоморана и тукушто издадената стихозбирката „Со други очи“ на поетесата Одвиг Клив, чиј промотор ќе биде магистер Славица Гаџова.
Норвешката поетеса Клив за вљубениците во поезијата во Велеството ќе потпишува сто примероци од нејзината стихозбирка на македонски јазик.
Дваесет и петтото јубилејно издание на „Поетската ноќ во Велестово“ почна синоќа со поетското претставување на дел од творечкиот опус на 14 млади автори, претставници на иднината на македонската поезија.
Манифестацијата што се наметна како едно од најзначајните културни збиднувања во градот, а како поетски настан веќе доби меѓународна димензија, се одржува под покровителство на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.