Босна и Херцеговина ризикува да загубат 75-100 милиони евра годишно од фондови на европската унија заради неспособноста на српските, муслиманските и хрватските политичари да се договорат како да се управува со парите, истакнуваат европски и босански официјални претставници.
Без пробив, до септември БиХ би можеле да загубат стотици милиони евра од ИПА фондовите од следниот циклус 2014-2020 година кои ќе бидат пренасочени кон соседни држави, кои исто се надеваат на прием во ЕУ.
Таквиот факт е одраз на кризата во управувањето на балканската држава со 3,8 милиони жители во која продолжува да има длабока етничка поделеност 18 години по крајот на војната од 1992-1995 година.