Разменувањето на пораки и експлицитната содржина станува се повеќе популарна.
Она што исто така се променило е начинот на кој жените се поставуваат према мажите. Се поголем е бројот на храбрите дами, кои после првите неколку средби практикуваат секстинг, односно разменување безобразни пораки со партнерот. Истражувањето покажало дека на ваков чекор се одлучуваат 35% од дамите, додека 43% од нив се подготвени на секстинг исклучиво во сериозни врски.
Од друга страна, дури 27% од жените признале дека разменуваат голи фотографии преку e-mail и пораки. Се чини дека дамите се веќе многу похрабри и дека во светот настанал нов бран кој влијаел врз женското однесување, далеку од стереотипната и традиционална мајка, сопруга и домаќинка.