Најмалку шест лица загинаа денеска во Каиро при уривање на шесткатница, соопштија египетските власти.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините, а засега не е познато што го предизвикало уривањето на објектот.
Властите веруваат дека шестчлено семејство било во шесткатницата кога таа се урнала утрово. Соседната зграда остана без дел од надворешниот ѕид.
Уривањата на зградите се вообичаени во Египет, поради лошата градба и несоодветното одржување во сиромашните квартови и руралните области.
Владата се обиде да се справи со дивоградбите во последниве години, по децении лошо спроведување на законот, но се уште има населби во Каиро со нелегални згради.
Извор: МИА