ХДЗ БиХ предлага измени на изборниот законик, бошњачките претставници -против

Од:

Претседателот на ХДЗ БиХ Драган Човиќ денеска оцени дека усвојувањето на измените на Изборниот закон на БиХ во државниот Дом на народите предложени од неговата партија е „добра порака“, додека водечкиот бошњачки функционер Бакир Изетбеговиќ рече дека измените нема да поминат во Претставничкиот дом (Парламентот).

Парламентот на БиХ се состои од два дома – Претставнички дом и Дом на народи, а сите законодавни одлуки се усвојуваат во обата дома. Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ се состои од 15 делегати, од кои две третини – по петмина Бошњаци и Хрвати, се делегати од Федерацијата Босна и Херцеговина, а една третина – петмина Срби, се делегати на Република Српска. Претставничкиот дом има 42 члена, од кои две третини се директно избрани од територијата на Федерацијата БиХ, а една третина од територијата на Република Српска.

– Мислам дека денеска направивме една добра работа, добра порака и се надеваме дека кога ова ќе оди во Претставничкиот дом по итна постапка, ќе имаме квалитетна дебата и доволно мудри луѓе да направиме измени во Изборниот закон, изјави Човиќ на прес-конференција.Сараево.
Тој објасни дека со донесувањето на измените на Изборниот закон ќе се овозможи спроведување на изборните резултати, брзо воспоставување на власта и забрзување на патот на земјата кон Европската унија.

Амандманите на Изборниот закон на БиХ во Горниот дом на народите на државниот парламент денеска ги усвоија седум делегати, додека сите петмина бошњачки делегати гласаа против. За да стапат во сила овие одредби, треба да бидат усвоени од Претставничкиот дом, што не е реално бидејќи повеќето пратеници доаѓаат од бошњачките и граѓанските партии.

Водечкиот бошњачки функционер, лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, изрази сосема спротивни оценки од предлогот на Човиќ за измени на Изборниот закон, велејќи дека измените нема да добијат поддршка од Долниот дом на државниот парламент.

– Не е можно предлогот на ХДЗ да помине низ целото Парламентарно собрание. Според него, судските пресуди не може да се спроведат, рече Изетбеговиќ.

Тој додаде дека предлогот за измена на Изборниот закон на БиХ поднесен од ХДЗ БиХ е едностран.

Според предлогот на ХДЗ БиХ, мнозинството делегати во федералниот Дом на народите ќе бидат избрани од петте окрузи во кои живеат најголем број Хрвати, додека еден хрватски делегат ќе биде избран од другите пет мнозински бошњачки окрузи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски