Хабек: Испораките на гас од Русија се намалени од политички, а не технички причини

Од:

Причините за намалувањето на испораките на гас од Русија се политички, а не технички, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

-Се уште не е готово, рече Хабек, додавајќи дека се уште постои можност за ограничување на испораките на енергенти од Русија, пренесуваат британските медиуми.

„Газпром“ вчера соопшти дека го намалил снабдувањето на Германија со подморскиот гасовод „Северен тек I“ на максимални 100 милиони кубни метри дневно, што е намалување од 167 милиони кубни метри, наведувајќи ги како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хабек за говорот на Путин: Овој потег е лош и погрешен

А1он

Хабек позитивен на коронавирус по посетата на Прага и Виена

Европа можеби е на работ на војна, вели германскиот вицеканцелар