40 проекти ќе промовираат различни уметнички форми

Од:

Избрани се 40 проекти кои промовираат различни иновативни и уметнички форми содржејки препознатливи естетски вредности, истакна министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска на денешната прес конференција на која се објавија резултатите од првиот конкурс за поддршка на проекти од креативните индустрии. Потенцирајќи дека тоа се проекти кои дизајнираат и промовираат нови технологии, но користат и традиционални вештини и ресурси, Канческа- Милеска изјави:

„Уверена сум дека реализацијата на овие проекти ќе го зголеми интересот за оваа област кај нас и дека селектираните проекти ќе го испровоцираат посакуваното вкрстување на креативните перспективи на културата и уметничкиот продукт со можностите за поинтензивно инвестирање на бизнис-секторот во оваа сфера“.

На овој прв конкурс, конкурирале 204 проекти, а вкупниот буџет за селектираните е околу 3 милиони денари. Големиот одзив на првиот конкурс, според Канческа- Милевска е многу охрабрувачки, но имало голем број апликации не спаѓале во секторот на креативните индустрии, туку се однесувале на дејностите од областа на културата. Четири од проектите се на националните и локални установи (Дом на културата-Делчево, Музеј-Кратово, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и НУ Археолошки музеј Скопје), додека останатите 36 се на здруженија на граѓани, фондации, правни и физички лица.

Конкурсите за поддршка на проекти од креативните индустрии ќе ги има секоја година, затоа што тие се промотори, носители на културниот идентитет и играат непроценливо важна улога во поттикнувањето на културната разновидност, најави Канческа- Милевска.

Креативните индустрии се движечка сила на економскиот раст на развиените земји, а за поттикнување на овој сектор Министерството веќе има донесено развојна стратегија, формирана е национална комиција, а организирани се и неколку конференции и работилници со врвни европски експерти од оваа област.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање