Дваесет и две лица се повредени при судир на регионален патнички воз и локомотива во североисточниот дел на Шпанија, се наведува во денешното соопштение на официјални лица од земјата.
Пет лица се во тешка состојба, информираше регионалната Влада на свероисточна Каталонија.
Несреќата се случила синоќа во близина на Вила-сека, град што се наоѓа јужно од Барселона. Во возот имало 75 патници.
Според шпанската компанија за железничка инфраструктура Адиф, локомотивата имала проблем со кочниците.
Сообраќајот на пругата сè уште е во прекин, а истрагата за судирот е во тек.
Извор: МИА