Украинскиот извоз на житарки, маслодајни семиња и сончогледово масло се зголеми за 80 проценти во мај на месечна основа, на 1,74 милиони тони, но сепак е значително под извозот забележан истиот месец во 2021 година, соопшти денеска Министерството за земјоделство во Киев.
Според Министерството, во земјоделскиот извоз во мај доминира пченката со 959.000 тони, додека извозот на сончогледово масло изнесува 202.650 тони.
Во мај 2021 година Украина извезла 2,24 милиони тони пченка и 501.800 тони сончогледово масло.
Извор: МИА