Повторно расте бројот на барањата за азил од Србија

Од:

Граѓаните на Србија во јули поднеле 957 барања за азил во Германија, соопшти денеска Сојузната служба за миграции и бегалци, според чии податоци повторно постои тенденција на раст и зголемен број на барањата на граѓаните со српски пасош за добивање азилантски статус.

Во мај од Србија пристигнале 400 барања, во јуни 525 барања на граѓаните на Србија, а во јули 957 барања.

Граѓаните на Србија во јули, со 957 барања биле на трето место, по Руската Федерација, од каде пристигнале 1.588 барања и од Сирија со 999 барања, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Во јули пак, граѓаните на Косово, за кое се води одвоена статистика, поднеле 412 барања, со што Косово е на седмо место, по Русија, Сирија, Србија, Авганистан, Пакистан и Македонија.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес