Западот нема да се чувствува безбедно ако Русија успее во Украина

Од:

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека западните земји нема да се чувствуваат безбедни доколку Русија успее во Украина.

„Мораме да обезбедиме Украина да победи во оваа голема борба за слобода“, рече таа во говорот за време на посетата на Прага, пренесе ТАС С.

Таа изјави дека Русија не дејствува само против украинскиот народ, туку и против слободата, суверенитетот и владеењето на правото во западните земји.

„Ако тој (рускиот претседател Владимир Путин) успее во Украина, ние никогаш повеќе нема да се чувствуваме безбедни“, рече таа, според копијата од говорот објавен од британското Министерство за надворешни работи.

Британската министерка за надворешни работи повтори дека помирувањето не е решение во оваа ситуација.

„Мораме да одговориме со сила. Помирувањето не може да биде одговор“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Порошенко: Избори за време на војната го уништуваат украинското единство и од нив корист ќе има само Русија

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски