Семејство од прилепското село Горно Коњари вчера утро е ограбено додека тие работеле на нива. Крадците во куќата влегле преку прозор, а кражбата ја извршиле помеѓу 4 и 9 часот наутро, објави Канал 5.
Украдени се 19.600 евра, 13.000 денари и накит или вкупната штета е 1,35 милиони денари.