Турковиќ: ОН предолго немо гледаат на агресија и геноцид

Од:

Босанците и Херцеговците на денешен ден пред 30 години стекнаа членство во Обединетите нации. Осврнувајќи се на овој датум, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, рече дека членството го означува вистинскиот меѓународен легитимитет, признавање и правото да се брани, да се гради и да се живее во своја суверена и независна држава.

„Обединетите нации ја признаа нашата обновена независност, што не направи сите нас горди и среќни. Но, во годините потоа, тие предолго гледаа агресија и геноцид, страдање на невините, принудувајќи нè сами, под срамно ембарго, да ги браниме не само нашите животи, туку мирот, демократијата и цивилизациските вредности од повампирениот фашизам во овој дел на Европа“, напиша таа на својот официјален Фејсбук профил Бисера Турковиќ.

Таа додава дека Босна и Херцеговина пред 30 години постигна голема, историска победа и продолжува успешно да ја брани државноста која многу побројни нации се уште ја немаат стекнато.

„Илјадагодишната традиција и корените на оваа држава, темелот и изворот на оваа непобедлива сила на човекот од Босна и Херцеговина, кој со врзани раце ги надминува огромните и тешки предизвици. И 30 години откако омиленото знаме се вееше на Ист Ривер, пред оваа и нови, уште подобри генерации, се уште има многу предизвици за напредок и зајакнување на државата“, пишува министерката за надворешни работи на БиХ.

За тоа време, Обединетите нации, но и Европската Унија, според Турковиќ, се пред уште еден тежок, генерациски испит, мислејќи на руската агресија врз Украина.

Турковиќ заклучува дека не треба да се сомнева во победата на вистината и правдата и се прашува дали на светот и на Европа им требаат повеќе места за егзекуција, масовни гробници и масакри пред да сфатат дека само единство, соработка, рамномерен развој и комплетирање на европското семејство може да гарантираат мирна и сигурна иднина во овој дел од светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски