Неодамна две различни студии докажале дека палавите деца во пубертет подоцна стануваат луѓе кои се успешни во својата работа.
Судејќи според неодамна спроведеното истражување, проблематичните адолесценти подобро поминуваат во животот отколку мирните деца. Поточно, истражувањата кои се направени во Шведска и во САД докажаа дека колку децата се попроблематични во пубертет имаат поголеми шанси да се развива во успешен бизнисмени.
Истражувањата се направени во соработка со неколку стотина адолесценти и покажаа дека недоличното однесување и асоцијалната личност се главни „виновници“ поради кои подоцна тие исти луѓе стануваа и повеќе од одлични претприемачи.
Успешните бизнисмени биле проблематични деца, кои се спротиставувале на средината во која живееле, така и на своите родители и другите авторитети, а не ретко биле приведувани поради мали прекршоци. Еден од таквите примери денес е најбогатиот човек во светот, сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.