Пет членки на АПЕК протестираа против учеството на Русија на министерска средба во Бангкок

Од:

Претставниците на САД, Канада, Нов Зеланд, Јапонија и Австралија денеска го напуштија состанокот на министрите за трговија на земјите од азиско-пацифичкиот регион во Бангкок, протестирајќи против руската инвазија на Украина, потврдија официјални лица.

Британските медиуми пренесуваат дека претставниците од Канада, Нов Зеланд, Јапонија и Австралија им се придружија на Американците и го напуштија состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), повикувајчи се на двајца тајландски претставници и двајца дипломати.

Заминувањето од салата на претставниците на петте земји се случи за време на говорот на рускиот министер за економски развој, Максим Решетников, на самиот почеток на дводневниот состанок на оваа организација, што брои 21 членка, пренесе агенцијата Кјодо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија