Русија: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена, се предадоа сите

Од:

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.

-Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Последната група се предаде денеска“, додаде тој.

Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили

Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.

Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.

Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското министерство.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски