По петмесечно отсуство, Дејан Манасков денеска му се приклучи на тимот на Металург.
Дејан во текот на минатиот месец тренираше самостојно по, за него, прилагодена програма.
Но, од денеска тој ќе тренира со останатите наши ракометари. Дејан ќе настапи и на турнирот во Струга, а се надеваме дека ќе биде целосно спремен за квалификацискиот двомеч со екипата на Пик Сегед.