Обвинителството подигна обвинение против сите шеснаесетмина во случајот „Фаланга 2“, каде поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман е последен во списокот обвинети, јави Канал5.
Тој пред повеќе од еден месец беше уапсен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации, во катлановско и во делчевско.
Судењето треба да почне во септември во скопскиот кривичен суд, откако обвинението ќе стане правосилно.