Според новите правила на СЕХА лигата, покрај специјалната подлога, се бара и сала со рекламно лед-пано и капацитет од минимум 2000 гледачи.
Металург бара нова сала во која ќе биде домаќин на мечевите од Регионалната лига.
Во игра се неколку градови, но најсериозен кандидат да биде домаќин е Велес.
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е пренатрупан и воедно малку комплексен за подготовка на мечевите.
Поради близината на Велес со Скопје и поради тоа што велешани се познати како љубители на ракометот и спортот воопшто, најверојатно салата од овој град ќе биде домот на Металург за мечевите од Регионалната лига.
Металург мечевите во Велес ќе ги организира во соработка со РФМ и градоначалникот на градот се со цел да се анимира спортската јавност во овој град која секако со години нема можност во својата сала да проследи квалитетни меѓународни натпревари.