Шарл Мишел предлага формирање Европска геополитичка заедница

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска предложи формирање на европска геополитичка заедница која ќе придонесе за зближување и зајакнување на соработката меѓу европските земји, вклучително и Западен Балкан, во решавањето на заедничките предизвици, промовирањето мир и стабилност и безбедноста на континентот.

– Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница, рече Мишел.

Во говорот на денешната седница на Европскиот економски и социјален комитет во Брисел, тој најави дека веќе почнал консултации со лидерите на ЕУ 27 за формирање на Европската геополитичка заедница и оти ова прашање ќе го стави на дневен ред на јунскиот самит на ЕУ.

– Во координација со француското претседателство со ЕУ ќе организирам средба со лидерите на ЕУ и на Западен Балкан во јуни, на маргините на Европскиот совет, најави Мишел.

Претседателот на Европскиот совет за лето најавува и конференција на која треба да се соберат лидерите на ЕУ и заинтересираните партнерски земји за да разговараат за конкретни опции за новиот заеднички проект.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мишел: Глобалната безбедност е под закана

Ана Ололовска

Европскиот совет ќе расправа за пандемијата, цените на енергијата и безбедноста

Ана Ололовска

Брисел не потврдува дека Мишел добил нон-пејпер од Јанез Јанша

Ана Ололовска

Мишел: Следната недела официјализирање на санкциите кон Русија поради Навални

Ана Ололовска

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел

Ана Ололовска

ЕС ќе го разгледува прашањето за буџетот на ЕУ до 2027 година

Ана Ололовска