Дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет

Од:

Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана за експлозија на бомба.

Веднаш по добивањето на информацијата на местото на настанот пристигна анти-минерски тим од полицијата, кој го изолира објектот и дворот на Ректоратот со полициски ленти.

Преку соопштение за јавноста, полицијата и официјално го потврди случајот, додавајќи дека се преземени потребните оперативни дејствија за менаџирање на ситуацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири жени со автомобил упаднале во простории на телевизија во Приштина, фрлени се и пиротехнички средства

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Приштина ги затвори премините Брњак и Мердаре

(ВИДЕО) Пукање во Приштина: Има убиени и ранети

Горан Наумовски

Убиство во Приштина: Снаата во деверот испукала шест куршуми

Горан Наумовски