Скок на цената на пченицата на светските пазари

Од:

Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си“.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но досега не беше главен извозник оттаму што најголем дел од остварените приноси ги трошеше за сопствени потреби.

Владините претставници во Њу Делхи соопштија дека забраната не е трајна и оти може да се преиспита.

Цените на пченицата годинава пораснаа за околу 60 насто на светските берзи.

Ситуацијата со цената на пченицата настана откако запре извозот од Украина, која е еден од најголемите производители на таа житна култура во светот со седумпроцентно учество во глобалното снабдување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени