Во културниот центар „Магаза“ во Битола вечер ќе биде промовиран документарниот филм „Бит Фест културолошка рефлексија на времето 2006 – 2013“. Филмот го прикажува развојот на битолскиот летен фестивал низ годините.
Како дел од програмата на Битфест 2013 на летната сцена на „Тумбе кафе“ ќе се одржи поетско-музичка вечер во организација на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО. На настанот ќе учествуваат поети од редовите на студентите и професорите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, но и реномирани поети од Друштвото на писатели на Битола.
Во Заводот и Музеј ќе се одржи фестивал на староградски песни „Серенада на Широк сокак – медитерана“, на кој ќе учествуваат 16 интерпретатори и групи кои пред битолската публика ќе се претстават со хитови од серенадата, а најголемиот дел од песните ќе бидат нови и за прв пат изведени.