ОН: Војната во Украина натера шест милиони луѓе да ја напуштат земјата, а осум милиони да бидат внатрешно раселени

Од:

Бројот на луѓе кои ја напуштија Украина поради руската агресија врз таа земја надмина шест милиони, во најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна, соопшти денеска агенцијата за бегалци при ОН.

Руската инвазија, што почна на 24 февруари, предизвика повеќе од осум милиони луѓе внатрешно раселени во Украина, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната организација за миграција.

Податоците на ОН, исто така, покажуваат дека до вчера – 6,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а повеќето бегалци преминале во Европската Унија преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија.

Над 3,3 милиони луѓе, главно жени и деца, ја преминале границата со Полска.

Полската влада проценува дека околу половина би можеле да останат во земјата на долг рок, што е дополнителен предизвик за пазарот на недвижности, образованието и здравствениот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он