Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Од:

Граѓанската иницијатива АМАН одбележува една година од своето постоење. По тој повод АМАН организира протест против укинувањето на правото на протест и како поддршка на „Паркобраните“ кој ќе се одржи на местото на уништениот парк кај „Бристол“.

Со ова сакаме да кажеме дека борбата за социјална правда и граѓански слободи не е завршена. Само отвораме ново поглавје и сакаме да дадеме до знаење дека независната граѓанска мисла не е замрена, напротив, сега имаме големо искуство, стекнуваме нови соборци и сојузници и ќе продолжиме и понатаму без оглед дали тоа му се допаѓа некому или не, вели Васко Лазаревски, активист на АМАН.

На 14. август 2012 година, во 18:00 часот, започнаа најмасовните социјални протести во Република Македонија. На улиците во пет града излегоа повеќе од 10 000 граѓани, кревајќи го својот глас против поскапувањата и уништувањето на животниот стандард. Протестите се одвиваа во тек на пет месеци, а во меѓувреме беше покрената и граѓанска иницијатива за измена на Законот за енергетика преку која се собраа над 13 000 потписи што ги однесе нашите барања во Собранието на Република Македонија, каде пратениците на владејачката партија одбија да го послушаат гласот на граѓаните и со најпримитивни зборови ја нападнаа нашата „тетка Зорица“ која, сепак успеа храбро и достоинствено да ја изнесе нашата приказна.

Се соочувавме со високи температури, со ужасен студ, со УМС на ВМРО ДПМНЕ и најразлични закани и заплашувања. И не потклекнавме!

За оние што ја забележуваат хрнологијата, мора да повториме: На протестите на АМАН, за прв пат народот бараше СОЦИЈАЛНА ПРАВДА и на протестите на АМАН во Скопје за прв пат почна да се скандира ОТПОР!

ИЗЛЕЗИ И БОРИ СЕ!

Во знак на протест против укинувањето на правото на протест и како поддршка на „Паркобраните“ овој пат ќе се собереме на местото на уништениот парк, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) ОТПОР: Груевски досега потроши една милијарда евра за увоз на струја

Ана Ололовска