Средба Вучиќ-Брамерц за регионална правосудска соработка

Од:

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ денеска се сретна со главниот обвинител на Механизмот за меѓународни кривични трибунали Серж Брамерц, кој престојува во Белград како дел од подготовките за поднесување на претстојниот извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетот на срскиот претседател, Вучиќ повтори дека Србија, и покрај несогласувањата за некои прашања, ќе продолжи да се однесува кон оваа соработка на сериозен и одговорен начин, со акцент на подобрување на регионалната правосудска соработка, бидејќи Србија искрено е посветена да придонесе за помирување во регионот.

Главниот обвинител Брамерц ја поздрави улогата на Србија на полето на регионалните напори во областа на казнувањето на воените злосторства, оценувајќи дека Србија е исклучително транспарентна во размената на обвиненија и информации за истрагите, што во голема мера придонесува за побрзо процесуирање на одредени случаи.

Вучиќ разменил мислења со главниот обвинител Брамерц за можностите да се направат дополнителни напори за што поскоро решавање на проблемот со исчезнатите лица, со што во одреден степен би се растовариле регионалните односи, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он