Турист од Чешка, на кој сеуште не му е познат идентитетот, вчеравечер погинал скокајќи од Стариот мост во Мостар.
Младото момче, скокнал од мостот со својот пријател, но веднаш по падот во Неретва останал неподвижно да плута на површината на водата. По неколку минути немирните води на Неретва го повлекле телото не момчето кон длабочините.
Веднаш регирале неговите пријатели и случајните минувачи, но на момчето помош му немало – пренесува мостарскиот портал мостаринфо.