Унгарија ги замрзнува до почетокот на јули цените на основните прехранбени производи и горивата

Од:

Унгарската влада одлучи да ги продолжи ценовните ограничувања на групата основни прехранбени производи и горива до почетокот на јули, објави премиерот Виктор Орбан, проценувајќи дека цените ќе растат додека не заврши војната во Украина.

Соочена со висока инфлација, владата на Орбан ги намали цените на горивата во средината на ноември, а во февруари ги замрзна цените на шеќерот, пченичното брашно, сончогледовото масло… на нивото од октомври минатата година.

Цените требаше да бидат замрзнати за три месеци, но владата ја задржа можноста за продолжување на контролите.

Благодарение на мерките, инфлацијата не достигна двоцифрен бројка, како и во другите централноевропски земји, но во март, мерена со усогласениот индекс на потрошувачките цени, се искачи на 8,6 отсто, надминувајќи го просекот на ЕУ.

„Во двата случаи, решивме да ги продолжиме нашите мерки за контрола на цените до 1 јули“, рече Орбан во видео пораката на Фејсбук.

„Цените растат низ Европа првенствено поради војната (во Украина) и ќе растат додека војната не заврши“, нагласи унгарскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина