Индиските пожарникари се уште се борат со огнот што избувна пред три дена на огромна депонија во Њу Делхи.
Отпадот што гори е висок 60 метри, а густиот чад дополнително го влошува атмосферското загадување.
Њу Делхи со над 20 милиони жители има потреба од современа инфраструктура за отстранување на секојдневните 12.000 тони отпад.
Гаснењето на пожарот е отежнато и поради високите температури на воздухот. Индиските метеоролозите за денеска предвидуваат температурата на воздухот во Њу Делхи да се искачи и до 46 степени Целзиусови. Властите им препорачаа на чувствителните лица да останат во своите домови.