Рускиот претседател, Владимир Путин изненади со своето однесување, кога по улиците на родниот Санкт Петербург, одлучи да прошета сам, далеку од телохранителите, камерите и јавноста.
Путин ја посети поранешната престолнина на царска Русија, за да присуствува на погребот на својот тренер по џудо, Анатолиј Рахлин, чија смрт, според пишувањата на руските медиуми, силно го потресла.
Снимката на Ројтерс прикажува еден сосема поинаков Путин.
Рахлин починал по долго и тешко боледување, а Путин во него гледал втор татко.