Ограбен стан во Скопје

Од:

Вчера попладне, нешто пред 16 часот во ПС Аеродром, 56-годишниот В.Ш., пријавил грабеж.

Според него, во времето од 12,45 до 15,50 часот во неговиот стан,  непознат сторител откако дошол до влезната врата  (користејќи оригинал клуч кој најверојатно неговата сопруга претходно го имала изгубено или заборавено на бравата од надворешна страна на вратата) ја отклучил и ја отворил влезната врата, влегол внатре каде извршил пребарување во плакарите во ходникот и собите, и под душекот од креветот во спалната соба пронашол и одзел коверт во кој имало 30.000 денари, поголема количина на златен накит (прстени, огрлица, златни обетки, златници друго, сребрен накит, два пара очила за сонце марка „Роберто Кавали“ и др.) и заминал во непознат правец.

Со стореното дело сторителот причинил незначителна матријална штета, а се стекнал со проивправна имотна корист од околу 600.000 денари.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје. ПС-Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград