Во силниот земјотрес што ја погоди Херцеговина загина 27-годишната Елмира Сефо откако карпа се урна врз куќата во која живееше со семејството.
Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата. Уништеното семејство на девојчето во текот на ноќта се собрало пред болницата, известуваат босанските медиуми.
Снимките ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпа врз куќата каде биле Елмира и нејзиното семејство.
Над покривот бил поставен голем најлон за да ја покрие дупката што ја направила карпата кога паднала од ридот врз куќата.
Во земјотрес полесно се повредени уште неколку лица.