Три лица, меѓу кои две деца се водат како исчезнати при уривањето на мал авион врз станбена зграда во американската сојузна држава Конектикат.
На местото на несреќата избувнал пожар, а најмалку две згради се оштетени при падот на авионот.
Несреќата се случила во градот Ист Хевн, додека авионот се приближувал кон регионалниот аеродром Твид Њу Хевн. Авионот полетал од аеродром во сојузната држава Њу Џерси.