Земјите на Европската унија дневно добиваат илјадници барања за азил, од кои најголемиот дел се од подносители од Русија, додека граѓаните од Србија се најчесто одбивани.
Во изминатите 12 месеци во ЕУ пристигнале околу 350 илјади барања за азил, што е речиси илјадници дневно, а само во првиот квартал од оваа година бројот на поднесителите на барања за азил во Европа бил 85 илјади.
Овој проблем најмногу ја погодува Германија, бидејќи речиси една четвртина од сите лица кои поднесуваат барања за азил на европско тло ја избираат оваа земја за своја потенцијална дестинација – 83.910 во 2012/2013 година.
Зад неа е Франција со 62.175 барања за азил, а потоа следува Шведска, додека Велика Британија е четврта најпопуларна дестинација, во која сакале да се преселат 29.950 поднесители на барање за азил, од кои повеќе од половината се на возраст меѓу 18 и 35 години.
Најновите податоци на бриселската статистичка служба Евростат покажуваат дека во претходниот период Русите поднеле најголем број барања за азил, а зад нив следуваат бегалците од Сирија.
Подносителите од Србија, како што се наведува во извештајот, најчесто биле одбивани во земјите од ЕУ – 97 отсто од барањата од оваа земја добиле негативен одговор. Најголем процент на одобрени барања за азил имаат државјаните од Сирија (63 отсто).