Како што се засилува глобалното затоплување, 60 отсто од видовите кактуси ќе се затекнат во помалку гостопримливи клими во наредните децении. Ова се резултатите од новото истражување, што ја доведува во прашање вообичаената претпоставка дека пустинските растенија ќе просперираат кога ќе биде потопло.
До 2070 година, на 90 отсто од видовите кактуси им се заканува изумирање поради климатските промени, губењето на живеалиштата и други причини што предизвикуваат стрес, три пати повеќе отколку сега, се истакнува во статијата објавена во Nature Plants.
Речиси 1.500 видови кактуси, што се рашириле низ американскиот континент, живеат во различни клими, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.
Песимистична иднина
Жешките точки за биолошка разновидност со многу видови кактуси со многу примероци ги вклучуваат централно Мексико и бразилската Атлантска шума.
За да се провери дали потоплиот свет, со повеќе суша, ќе им користи на кактусите, научници предводени од Мишиел Пилет од Универзитетот во Аризона, проучија податоци за над 400 видови. Тестираа модели што покажуваат како би можело да им биде во средината на векот и подоцна, во различни сценарија, кога станува збор за емисиите на стакленички гасови.
Откритијата укажаа на „песимистичка иднина“, се нагласува во истражувањето.
Главната закана за кактусите, моментално, е проширување на земјоделството, со уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивното собирање за различни намени.
И без климатските промени, кактусите се „едни од најзагрозените групи организми на планетата“, се предупредува. Се додава и дека на над 30 отсто видови кактуси, им се заканува ризик од изумирање.
Отежната фотосинтеза
Според умереното сценарио, кога се во прашање емисиите на стакленички гасови во склоп со сегашните политики, глобалното загревање, исто така, наскоро ќе биде значителна закана.
„Нашите резултати сугестираат дека климатските промени ќе станат главен двигател на ризикиот од изумирање, кога се во прашање кактусите и 60 до 90 отсто од видовите опфатени со истражувањето, ќе бидат погодени негативно од глобалното затоплување“, сметаат научниците.
За четири до пет децении, речиси 25 отсто од видовите кактуси, може да се најдат во клими каде не се навикнати.
Претходни истражувања укажаа на отежната фотосинтеза, доколку глобалната температура порасне за само два степени Целзиусови.
Просечната температура на Земјата, вклучувајќи ги океаните, веќе е 1.1 Целзиусов степен повисока, отколку во индустриската ера. Само на копното е околу 1.7 степени повисока.
Хина – Загреб