Шојгу: Русија „методски го спроведува“ планот во источна Украина

Од:

Руските сили „методично ги спроведуваат“ плановите за „ослободување“ на двата одметнати региони во источна Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека со вооружувањето на Украина, Западот прави се што може за да ја продолжи воената операција на Москва.

Западните земји и дадоа на Украина воена опрема вредна милијарди долари, а само САД понудија помош од над 2,5 милијарди долари.

„САД и западните земји под нивна контрола прават се за да ја продолжат специјалната воена операција што е можно подолго. Зголемениот обем на залихи на странско оружје јасно ги демонстрира нивните намери да го испровоцираат киевскиот режим да се бори до последниот Украинец, рече Шојгу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни