Габриел Ескобар: Главен проблем во БиХ е корупцијата, покриена со поимот национални интереси

Од:

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска оцени дека главен проблем во Босна и Херцеговина е корупцијата, која, според него, е покриена со поимот национални интереси.

Во интервју за хрватскиот Н1, Ескобар рече дека САД веруваат дека има простор за преговори, флексибилност и компромис за ограничените измени на уставот и изборното законодавство во БиХ.

„И ние мислиме дека изборите треба да се одржат оваа година. Изборите се многу важен дел од демократскиот процес и демократската еволуција. Затоа, ги охрабруваме сите страни да бидат флексибилни и отворени и да се приклучат на преговорите со добра волја“, рече тој.

На прашањето дали поимот национални интереси се користи за да се прикрие корупцијата Ескобар вели – „Апсолутно“.

„Ако ги погледнете проблемите што ги има БиХ, проблемот не е што луѓето не сакаат соживот со Хрватите, Бошњаците или Србите. Угледните анализи, како онаа на Транспаренси Интернешнл, покажуваат дека Босна и Херцеговина е најкорумпираната земја на Западен Балкан и речиси најкорумпираната земја во Европа. Значи, тоа е најитниот проблем“.

Како што оцени тој, нефункционалноста ја храни корупцијата и создава можности за поголема корупција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски