Дека нашите ракометари наоѓаат време и за забава сведочат фотографиите што денеска ги добивме од Златибор.
Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Дарко Станиќ, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски и Петар Ангелов денеска возеа мотори на четири тркала. Возеа низ дивата природа на Златибор…и очигледно одлично се забавуваа. Велат дека најдобро се снајде Аце Јоновски, кој призна дека има и претходно искуство со овој вид мотори.
– Одличен начин за рекреација и одмор по напорните тренинзи. Прекрасно искуство, – вели Петар Ангелов.