Најмалку девет јеменски војници загинаа синоќа откако племенски припадници погодија воен хеликоптер во централниот дел од државата, јавија западни медиуми повикувајќи се на воен извор.
Според очевидци, хеликоптерот пукал од ниска височина врз вооружени членови на локално племе кои оштетиле нафтовод.
Припадниците на племето отвориле оган од рачни фрлачи и го погодиле хеликоптерот. Меѓу загинатите е и бригаден генерал, шест војници од обезбедувањето и двајца пилоти.