Шест лица се повредени во пукотници што се случија синоќа во кафе бар во сараевската населба Добриња, а според локалните медиуми мета на нападот најверојатно бил сопственикот на локалот.
Во објектот влегле двајца напаѓачи кои почнале да пукаат од пиштол и автоматска пушка.
Во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево се примени три лица со тешки повреди, а уште тројца повредени се префрлени во Општата болница.
Полицијата трага по напаѓачите.