Аца Лукас стана претседател на ФК „Тимок“ од Заејчар

Од:

Популарниот српски фолк пејач Аца Лукас е избран за претседател на фудбалскиот клуб „Тимок“ од Заејчар.


На Генералното собрание на клубот беше решено Аца Лукас да ја преземе функцијата претседател и да го поведе клубот од Заечар кон елитата во српскиот фудбал.


Амбициозното раководство на ФК „Тимок“ и раководството на градот Заечар направија проект за обновување на градскиот стадион. За таа цел се одделени и значителни средства за екипата, која се надева дека ќе биде сериозен кандидат за влез во Првата српска фудбаска лига.


Лукас е и член на Генералното собрание на ФК „Црвена ѕвезда“.


Фолк пејачот честопати е дел од скандали. Во 2003 година во рамки на полициската операција „Сабја“ беше уапсен и осуден на четири месеци затвор за незаконско поседување пиштол. Лукас има проблеми со коцкањето и со наркотици, заради кои неговата кариера беше во прекин две години. На 3 февруари 2009 година Лукас беше погоден во нога со два куршума, додека влегувал во својот автомобил на паркинг во Нов Белград.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ